Достапни линкови

logo-print

Евакуирана железничка станица во Мадрид по заканите за бомбашки напад


Илустрација.

Илустрација.

Шпанската полиција евакуирала железничка станица во Мадрид по апсењето на еден маж кој се заканувал дека ќе дигне во воздух патнички воз. Медиумите наведуваат дека станицата Аточа во главниот град на Шпанија била евакуирана откако патник во еден воз што влегувал во градот се заканил дека ќе го разнесе. Евакуиран бил и возот. Не се соопштува дали уапсениот имал експлозив.

Во речиси симултани бомбашки напади врз патничката железничка мрежа во Мадрид во март 2004 година загинаа 191 луѓе, а повеќе од две илјади беа повредени.

XS
SM
MD
LG