Достапни линкови

logo-print

Бесими - Решавањето на името ќе ги откочи евроинтеграциите


Европската интеграција е најдобрата алтернатива што ја има Македонија и регионот. Затоа е потребен поголем ангажман и конкретни резултати во однос на спорот за името со Грција, чие решение ќе го откочи тој процес и би можеле официјално да почнеме со преговорите, вели вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во интрвју за МИА. Тој смета дека е потребна поголема вклученост на меѓународната заедница во делот на олеснување на процесот, при што ги посочува ОН, НАТО, ЕУ и земјите членки на овие институции, пред сè САД, Германија, Франција, Велика Британија „и други што може да помогнат, но главно се овие земји“. Вториот аспект што се очекува е да се подигне нивото на преговарачи, односно од делегирани амбасадори да има преговори и на ниво на министри или премиери кои би биле на ниво на одлучување во одредени фази од преговорите, вели Бесими и трета работа што би помогнала, додава вицепремиерот, е да има временска динамика и агенда на преговорите по однос на содржината со цел да се направи поконкретен напредок во преговорите.

XS
SM
MD
LG