Достапни линкови

Температурата ноќеска се спушти до 19 степени под нулата


Илустрација.

Илустрација.

Минимални температури до -19 степени се измерени ноќеска во Македонија. Најстудено било во Тетово, а најтопло во Гевгелија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Тетово се измерени -19 степени, во Битола и Берово -18, во Прилеп -17, во Скопје (Петровец) и Маврово -16, Крушево -15, Скопје (Зајчев рид) и Демир Капија -13, во Куманово, Претор и Виница -12, во Охрид и Штип -11, Струмица -10, Дојран -6 и Гевгелија -4.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3 степени.

Во Скопје слично време со температура до -1 степен.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови 62 сантиметри, Пожаране 40 сантиметри, Крушево 39, Тополчани 28, Охрид 24, Тетово 21, Ѓуриште 19, Претор и Битола 18, Прилеп 12, Скопје 9, Берово 4 и Демир Капија 1 сантиметар.

За утре се очекува покачување на температурата, а од недела од север ќе се спушта нов студен бран со засилен северен ветер, врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет. До среда ќе се задржи стабилно, суво и студено време со утрински температури од -13 до -5, а дневните од -4 до 3 степени.

XS
SM
MD
LG