Достапни линкови

Ракетен напад предизвика протести во Авганистан


Десетици лути локални жители излегоа на улиците на главниот град на провинцијата Хелманд во Авганистан откако ракета експлодира на свадба, при што загинаа најмалку 20 лица, а беа повредени повеќе од 50. Многу од жртвите во трагедијата во јужен Авганистан биле жени и деца. Официјални лица испитуваат дали ракетата била упатена кон контролниот пункт на авганистанската армија во близина на куќата каде што имало свадба. Официјални лицаиспитуваат дали ракетата била пуштена какоразмена со талибанските милитанти или била испукана произволно. Портпаролот на провинциската влада, за Радио Слободна Авганистан дека е испратенаделегација која треба да открие што го предизвикало инцидентот и неговите последици.Сангин областа се наоѓа во регионот за производство на долината на реката Хелманд и е местото на жестоки борби меѓу владините сили и талибанските борци во текот на последните шест месеци. Меѓународните безбедноснисили во Аганистан предводени од НАТО ја завршијамисијата минатиот месец, а централната авганистанската владапрезеде целосна одговорност за безбедноста.

XS
SM
MD
LG