Достапни линкови

Новогодишната ноќ помина релативно мирно


За време на новогодишната прослава Службата за итна медицинска помош во Скопје интервенирала во врска со 137 лица, во ноќните пунктови на итната помош биле извршени вкупно 172 прегледи, но оцената е дека новогодишната ноќ помина релативно мирно и без поголеми инциденти. Пет од интервенциите биле за лица во алкохолизирана состојба коишто биле префрлени на Клиниката за токсикологија, од кои четири лица биле малолетни.Други пет лица настрадале во сообраќајна незгода, шест лица се јавиле за тепачки на јавни места, од кои две биле малолетни. Меѓу интервенциите пет се во врска со падови поради мразовите за паднале и се здобиле со скршеници.Во пунктот за итна помош во населбата Ѓорче Петров било повредено десетгодишно детенце од петарда.

XS
SM
MD
LG