Достапни линкови

Летонија е новиот претседавач со Европскиот Совет


Летонија денеска го презема претседателството од досегашниот претседавач со Европскиот совет, Италија.

„Летонија ќе настојува Советот да ја заврши својата работа во остварувањето на амбициите кои беа поставени на стратешката агенда на Унијата во јуни 2014, во време на промени. Европа мора паметно да реагира и да го врати економскиот раст, да ги зголеми инвестициите и да создаде работни места“, изјави Јанис Берзинс, портпарол на претседателство.

Летонското претседателство започнува во време на бавен раст и ниска инфлација, а според статистиката на Евростат, растот на бруто домашниот производ во 2014 година ќе изнесува 1,3 проценти. За време на првите неколку месеци од шестмесечното претседателство, се очекува инфлацијата да остане ниска и да се намали во еден процент во 2015 година.

XS
SM
MD
LG