Достапни линкови

Путин прогласен за најкоруптивна личност на годината


Рускиот претседател Владимир Путин е прогласен за "најкоруптивна личност на годината" на корупцијата за 2014 година од страна на меѓународна група на истражувачки новинари. Во извештајот на Проектот за организиран криминал и корупција со седиште во Сараево, се наведува дека Путин е финалист секоја година откако почнало “доделувањето на наградата”.

Ова би можело да се смета како награда за животно дело, изјави уредникот на извештајот, Дру Саливан. Според изјавата, Путин добил признание деканеговата работа во Русија се претвора во главен центар за перење пари и за овозможување на организираниот криминал во Крим и во регионот Донбас воисточна Украина, за постигнување фантастичен рекорд во неуспехот да ги гони криминалните активности, како и за унапредување на владината политика на работа со криминални групи.

Во конкуренција за наградата биле и унгарскиот премиер Виктор Орбан и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

XS
SM
MD
LG