Достапни линкови

logo-print

Сириза со големи шанси да победи на изборите во Грција


Грчката опозициска партија СИРИЗА има големи шанси да ја преземе власта по изборите на 25 јануари. Резултатите од една анкета извршена во последните денови од минатата година покажуваат дека СИРИЗА, која е против спасувачките договори со меѓународните кредитори на земјата, би освоила 28,1 отсто од гласовите, а Нова демократија на актуелниот премиер Андонис Самарас, 25,1 отсто. Сепак СИРИЗА не би имала парламентарно мнозинство, што ќе и дозволи да состави влада и ќе мора да бара сојузници меѓу помалите партии. Радикалната левица сака да стави крај на економската политика и да започнат нови преговори со ЕУ и ММФ за ново преструктуирање на државниот долг.Премиерот Самарас предложи одржување на предвремени парламентарни избори на 25 јануари, откако Парламентот не успеа во третиот и последен круг на 29 декември да избере шеф на државата.

XS
SM
MD
LG