Достапни линкови

logo-print

САД ослободија пет затвореници од Гвантанамо


Соединетите држави ослободија пет затвореници од воениот затвор Гвантанамо на Куба и ги испратија на дослужување на казната во Казахстан. Станува збор за тројца Јеменци и двајца Тунижани кои над една деценија беа затворени во Гвантанамо. Тие биле заробени во Пакистан под сомневање дека биле припадници на Ал Каеда. Во моментов во Гвантанамо имало уште 127 затвореници.

XS
SM
MD
LG