Достапни линкови

logo-print

Во Москва растурен протестот за Навални


Руската полиција синоќа во Москва ги растури неодобрените демонстрации на приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални поради судската пресуда против него. Навални кој е во домашен притвор од февруари годинава поради друг судски процес, беше уапсен во почетокот на синоќешниот протест на кој се собраа неколку илјади луѓе. Над 130 од демонстрантите биле уапсени. Навални вчера беше осуден на условна казна од три ипол години затвор. Тој заедно со брат му Олег беа обвинети за проневера на околу 550 илјади долари. Олег е осуден на три ипол години затвор. Европската унија оцени дека пресудите биле политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG