Достапни линкови

Јацењук - Не набрзо, ама еден ден ќе си го вратиме Крим


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека е малку веројатно Киев наскоро да си го врати Крим кој во март годинава беше анектиран од страна на Русија, но вети дека полуостровот еден ден ќе ѝ биде вратен на Украина. На годишната прес-конференција во Киев, Јацењук рече дека сегашната генерација Украинци нема да го врати Крим под контрола на Киев, но оти „нашите деца или внуци ќе го направат тоа“. Тој рече дека не постои „брз и лесен одговор“ на прашањето како Украина да си го врати овој полуостров во Црното Море. Тој рече дека билатералната трговска размена со Русија годинава опаднала за 50 отсто и оти „многу скоро“ Русија нема да биде најголем трговски партнер на Украина. Јацењук ја обвини Москва за намалувањето на трговијата.

XS
SM
MD
LG