Достапни линкови

logo-print

Црвенковска со модерен роман за деца и за сонувачи


„Што сонуваше Дедо Мраз“ е насловен првиот роман за деца на Билјана С. Црвенковска што како издание на Либи, како дел од Арс Ламина публикации од Скопје, беше објавен деновиве. Оваа модерна бајка за децата на едно многу помодерно време, пишувана во стил што рутински се надоврзува на сите моментни светски трендови е само вовед во серијата на објави за најмладите и најискрените читатели што треба да следува во годината што доаѓа.

Идејата всушност тргна од една драма која што ја имав напишано пред многу, многу години и која потем беше адаптирана во детска претстава. Му се навратив на текстот и започнав да го преработувам во роман за на крајот да излезе сосема различна приказна од онаа во драмата. Фактички останаа само ликовите.

Сè што е напишано за деца е како за децата од наше време. Пред 20 и повеќе години. Она што јас се обидов да го направам е пак да има една магична нишка во целиот роман. Да ги има сите оние работи коишто се битни да ги знаат децата, принципите на добрина, на љубов, меѓутоа тоа да е ставено во контекст на денешнината и да е напишано со јазик кој што нив им е прифатлив.

Вака авторката Билјана С. Црвенковска ќе ја започне сторијата за својот прв роман за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ што како издание на Либи, како дел од Арс Ламина публикации од Скопје, беше објавен деновиве. Таа забележува дека се работи за еден прилично модерен роман за сегашниве деца кои се многу поразлични од нас. Дека се водела од мислата оти воопшто нема литература за сегашниве клинци, за оние над деветгодишна возраст, ако притоа се изземат преведените дела.

„Сè што е напишано за деца е како за децата од наше време. Пред 20 и повеќе години. Она што јас се обидов да го направам е пак да има една магична нишка во целиот роман. Да ги има сите оние работи коишто се битни да ги знаат децата, принципите на добрина, на љубов, меѓутоа тоа да е ставено во контекст на денешнината и да е напишано со јазик кој што нив им е прифатлив. Тоа е јазикот со кој што сите ние зборуваме. Значи да нема архаични зборови кои би биле разбирливи само на луѓето кои што живееле пред многу години, дури и децении“, вели авторката.

Искрено се надевам дека ќе има уште многу други автори кои што ќе се јават, кој што имале идеја и кој што сакале некогаш нешто такво да напишат или веќе напишале и дека ќе се појават сега кога веќе ќе видат дека има простор.

Црвенковска дополнува дека ова е нејзин личен проект, но нагласува дека е особено важно тоа што издавачката куќа во која што работи, Арс Ламина публикации, препознала дека станува збор за нешто вредно и нешто што може да ги заинтригира денешните деца и, конечно, што тие одлучиле посеопфатно да му се посветат на модерното творештво да деца и за млади. Согласно на тоа, вели дека веќе подготвуваат уште неколку слични авторски објави и дека и самата ќе биде дел од подолгата листа на автори.

„Искрено се надевам дека ќе има уште многу други автори кои што ќе се јават, кој што имале идеја и кој што сакале некогаш нешто такво да напишат или веќе напишале и дека ќе се појават сега кога веќе ќе видат дека има простор“, вели таа.

Инаку, Билјана Црвенковска е магистер по философски науки, преведувач и уредник. Автор е на книгата „Митски лавиринт - патување низ митските слики“, како и на повеќе трудови, меѓу кои и „Филозофија на неискажливото: обид за разјаснување на Семиотиката на Тишината кај Бекет“ и „Апсурдот и антиутопизмот во драмите на Коле Чашуле“.

Запрашана дали по обелоденувањето на нејзиното првенче за деца романот „Што сонуваше Дедо Мраз“ и понатаму ќе остане да твори за најмладите, за денешниве генерации, Црвенковска со појаснување дека е тоа она на што сака да му се посвети во овој период од животот и дека веќе работи на идните свои изданија.

„Не велам дека ќе остане само на тоа. Јас имам цела една збирка поезија која што поодамна ми е спремна за објавување и која што со покојниот Игор Исаковски сакавме да излезе за „Блесок“. За жал таквите „подобри времиња“ никогаш не дојдоа. Можеби ова ќе се случи еден убав ден, но тоа е нешто сосема друго. Сега гледам дека за детска литература има интерес, има потенцијал, има пазар и конечно во моментов тоа е она на што сакам да му го посветам целото мое внимание“, вели Црвенковска.

Инаку, во освртот за романот, уредникот Виктор Јовановски ќе забележи дека „Што сонуваше Дедо Мраз“ го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор на досега неистражените прашања: што се случува со неговиот свет на чудата кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз. Јовановски пишува дека „со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство Дедо Мраз на Билјана Црвенковска е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата: нејзиното грижливо и топло „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG