Достапни линкови

Италијанското обвинителство нареди запалениот ферибот да биде извлечен во Италија


Италијанското обвинителство стравува дека може да бидат откриени уште тела во остатоците на грчкиот ферибот „Норман атлантик“, кој веќе трети ден се наоѓа во водите на Јадранот, откако на палубата со автомобили избувна пожар при што загинаа десет лица. Обвинителот на Бари, Џузепе Волпе, наложил грчкиот ферибот, кој сега се наоѓа крај бреговите на Албанија, да биде извлечен со реморкер до јужното италијанско пристаниште Бриндизи, како дел од криминална истрага. Според него, веројатно во товарните простории ќе бидат откриени уште тела, со оглед на „несоборливите“ докази дека во бродот биле скриени имигранти.

XS
SM
MD
LG