Достапни линкови

Се спојуваат ОНЕ и ВИП


Илустрација.

Илустрација.

ОНЕ оператор од Скопје, членка на Телеком Словенија Групацијата и ВИП оператор - Скопје денеска потпишаа договор за спојување. Договорот, како што соопштуваат од компаниите, го потпишаа генералните директори на двете компании. Целокупната трансакција ќе биде завршена по добивање на дозвола за спојување од македонските власти и се очекува да биде завршена во првиот квартал од 2015 година.

На 22 октомври 2014 година, Телеком Австрија Групацијата објави дека се договори со Телеком Словеније Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп ќе поседува 45 проценти.

Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

XS
SM
MD
LG