Достапни линкови

Професорски контра-пленум за поддршка на државниот испит


Илустрација.

Илустрација.

Околу 200 универзитетски професори и асистенти, обединети во граѓанска иницијатива која ја нарекоа „За поддршка на знаењето во високото образование“, денеска го поддржаа воведувањето државен испит на факултетите. Излегувањето во јавност на оваа граѓанска иницијатива доаѓа откако претходно околу 300 универзитетски наставници формираа Професорски пленум и побараа повлекување на предложените измени во високото образование, за кои сметаат дека се спротивни на Уставот кој гарантира автономија на универзитетите.

Професорскиот контра-пленум, односно иницијативата „За поддршка на знаењето во високото образование“, пак, со индигнација ги отфрла сите инсинуации дека со воведувањето на државниот испит се правел упад во автономијата на универзитетот. Основната цел на државниот испит, посочуваат тие, е подобрување на вкупниот квалитет на македонското високо образование во полза на студентите и на професорите.

XS
SM
MD
LG