Достапни линкови

Обама - Луѓето сметаат дека активностите на Путин не се „толку паметни“


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека луѓето надвор од Русија почнуваат да мислат оти активностите на рускиот претседател Владимир Путин во изминатата година не биле „толку паметни“. Тој ова го изјави во интервју за американското Национално јавно радио. Обама вели дека „пред три или четири месеци, сите во Вашингтон биле убедени дека претседателот Путин е генијален и оти нè надмудрува сите нас“ и оти со сила и со стратегија го проби патот кон зголемување на руската моќ. Напротив, вели Обама, „денес чувствувам дека, барем надвор од Русија, некои луѓе можеби мислат дека тоа што го направи Путин, не беше толку паметно“. Обама вели дека е потребно „стратешко трпение“ за справување со проблемите како што се неодамнешните активности на Русија. САД и ЕУ воведоа санкции против Москва по анексијата на Крим од Украина и нејзиното мешање во кризата во источна Украина.

XS
SM
MD
LG