Достапни линкови

Светот растргнат меѓу Украина и Исламската држава


Настаните во Украина, санкциите кои уследија потоа, заканите од милитантие на Исламската држава, еболата, поплавите, се само дел од темите кои најмногу и најдолго го окупираа вниманието на светската јавност во изминатата година.

2014 година почна со многу поздрави и желби за успешна и мирна година. Таква беше и новогодишната порака на украинскиот претседател Виктор Јанукович:

Мина 2013 година која можеби беше најтешка во историјата на независна Украина. Тоа беше година на предизвици, разочарувања, но и нови надежи. Воспоставивме баланс меѓу Исток и Запад без да се откажеме од националните интереси.
Виктор Јанукович, претседател на Украина.

„Мина 2013 година која можеби беше најтешка во историјата на независна Украина. Тоа беше година на предизвици, разочарувања, но и нови надежи. Воспоставивме баланс меѓу Исток и Запад без да се откажеме од националните интереси.“

Демонстрант носи превртен портрет на претседателот Јанукович.
Демонстрант носи превртен портрет на претседателот Јанукович.

Претседателот Јанукович по долготрајните протести во Киев беше принуден да избега од земјата по што Русија, со оправдување за заштита на Русите во Украина го анектира полуостровот Крим. Западот потоа воведе санкции против Москва под обвинувања дека таа воено ги помага проруските сепаратисти во источниот дел на Украина. Во борбите меѓу владините сили и бунтовниците загинаа неколку илјади луѓе, а воспоставеното примирје се прекршува секојдневно.

Огромен јаз се создаде во изминативе 20 години, огромен јаз меѓу сиромашните и богатите.
Изјава на жител на Сараево.

Бараме оставки. Долу влада.

Февруари во Босна и Херцеговина беше одбележан со големи протести против големата сиромаштија и нефункционалноста на институциите во таа земја. Беа запалени неколку владини и згради, а демонстрантите бараа оставка на владата.

Протест во Сараево.
Протест во Сараево.

„Огромен јаз се создаде во изминативе 20 години, огромен јаз меѓу сиромашните и богатите“, изјави жител на Сараево.

Европската унија оцени дека она што се случуваше во босанските градови беше повик за будење на Европската унија за да и помогне на Босна и Херцеговина.

Овие се шарлатани. Тие немаат никаква врска со демократија. Тие не веруваат во избирачки кутии и не можат да видат што ги чека во иднина.
Реџеп Таип Ердоган.

Во март турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пред приврзаниците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот ја обвини опозицијата за нередите во Анкара по погребот на едно 15 годишно момче кое им почина на повредите здобиени за време на судирите со полицијата.

„Овие се шарлатани. Тие немаат никаква врска со демократија. Тие не веруваат во избирачки кутии и не можат да видат што ги чека во иднина“, рече Ердоган.

Ердоган подоцна беше избран за претседател на Турција што за многумина посматрачи беше уште една потврда во неговите намери да го продолжи авторитарното владеење во таа земја.

Она во што силно верувам е мерењето на успехот, односно на тоа колку е уверлива политиката на проширување и колку земји се вклучени во сериозни подготовки за пристапни разговори.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

Европската унија нема да се шири

Кон крајот на април Европската унија почна да ја прославува 10 годишнината од големото проширување кон централна и источна Европа.

„Она во што силно верувам е мерењето на успехот, односно на тоа колку е уверлива политиката на проширување и колку земји се вклучени во сериозни подготовки за пристапни разговори или веќе ги започнале тие разговори, но и колку земји сакаат да стигнат до таквиот статус“, изјави тогашниот еврокомесар за проширување Штефан Филе.

Подоцна со изборот на новата Европска комисија неговата позиција беше предефинирана од комесар за проширување во комесар за преговори за проширување и соседска политика. Впрочем самиот претседател на Комисијата Жан Клод Јункер изјави дека Унијата нема да се шири со нови земји во наредните пет години.

Во мај поголемиот дел на Балканот беше зафатен од поплави предизвикани од изобилните врнежи на дожд. Невремето остави последици во повеќе земји, а најкатастрофални беа во делови на Србија и на Босна и Херцеговина.

ВИДЕО: 2014 во 2 ипол минути

2014 во 2 ипол минути
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Балканот под вода

„Инаку се што ни се случи, луѓето мора да знаат дека е ниво на илјадагодишни води, не на стогодишни, туку на илјадагодишни води“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

„Над милион луѓе во моментов се без вода за пиење а четвртина од населението е погодено од оваа катастрофа“, рече шефот на босанската дипломатија Златко Лагумџија.

Штетите беа проценти на милијарди долари.

Во јуни вестите што пристигнуваа од Ирак конечно го свртеа вниманието на светската јавност на милитантите на екстремистичката организација Исламска држава.

Се соочуваме со многу сериозна криза, односно со странска инвазија од терористичка група која брутално убива наши војници и граѓани“, рече
Осама ал Нуџаифи, претседател на ирачкиот парламент.

Тие по освојувањата во Сирија почнаа да окупираат големи делови и од ирачката територија.

ИД го сврте вниманието на светската јавност

Борци на Исламската држава учествуваат на воена вежба во Мосул.
Борци на Исламската држава учествуваат на воена вежба во Мосул.

„Се соочуваме со многу сериозна криза, односно со странска инвазија од терористичка група која брутално убива наши војници и граѓани“, рече претседателот на ирачкиот парламент Осама ал Нуџаифи.

Соединетите Држави како помош на цивилите покренаа воздушни напади врз милитантите, а потоа почнаа да ја предводат меѓународната коалиција од 60 земји против џихадистите. Тие пак го ужаснаа светот со видео снимки ода обезглавување странски новинари и хуманитарни работници.

Сакам да нагласам дека оваа трагедија немаше да се случи ако имаше мир на земјата и ако во тој дел на Украина не продолжија воените активности.
Владимир Путин, претседател на Русија

Малезиски авион соборен над Украина

На седумнаесетти јули над источна Украина беше соборен малезиски патнички авион со скоро 300 патници главно Холанѓани, и членови на екипажот. Киев и Москва меѓусебно се обвинија за соборување на авионот.

„Од името на Украина поканив професионалци и експерти од Холандија да го истражат овој терористички акт на транспарентен начин“, рече претседателот Украина Петро Порошенко.

Ова е најголема, најтешка и најсложена појава на од појавата на оваа заболување пред четири децении. Вирусот на еболата е закана за светот.
Маргарет Чен, СЗО.

„Сакам да нагласам дека оваа трагедија немаше да се случи ако имаше мир на земјата и ако во тој дел на Украина не продолжија воените активности“, рече претседателот на Русија Владимир Путин.

Борба против ебола

Светската здравствена организација во август изрази загриженост од ширењето на смртоносната болест ебола во неколку земји во западна Африка.

„Ова е најголема, најтешка и најсложена појава на од појавата на оваа заболување пред четири децении. Вирусот на еболата е закана за светот“, рече директорот на СЗО Маргарет Чен.

Подоцна имаше стравување дека еболата ќе може да се прошири и во другите делови на светот откако се појавија случаи на заразени странски хуманитарни работници. Но, по навремениот третман, тие закани не се остварија.

Еболата, најголема опасност за човештвото
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Американскиот претседател Барак Обама говорејќи на самиот на НАТО што во почетокот на септември се одржа во Велс го истакна значењето на новите западни санкции против Русија

„Ние исто така испративме силна порака до Русија дека санкциите имаат последици. Соединетите држави и Европа ги финализираа мерките за подлабоки и пошироки санкции врз рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор. Во исто време ги поддржавме напорите на украинскиот претседател Порошенко“, изјави претседателот Барак Обама.

Политичка пресметка на фудбалски терен

Во октомври дојде до инцидент на фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија. Мечот поради дронот над стадионот со албанско знаме и картата на голема Албанија беше прекинат:

„Она што се случи меѓу Албанија и Србија е за срамење. Најверојатно ќе го санкционираме тоа. Чекаме на извештаи од судијата и потоа дисциплинската комисија ќе донесе одлука“, рече претседателот на УЕФА Мишел Платини. Без оглед на казната, прекинот на натпреварот уште еднаш покажаа колку се кревки односите и колку малку треба за да се подгреат националистичките страсти и тензии на Балканот.

24 ноември беше крајниот рок до кога шесте светски сили требаше да постигнат сеопфатен и траен договор со Иран околу неговата контроверзна програма за збогатување ураниум. Западот се сомнева дека Техеран сака да дојде до нуклеарна бомба.

„Направивме вистински и суштински напредок. Видовме нови идеи и затоа ние заедно со Иран ги продолжуваме овие разговори за уште шест месеци со многу специфична цел да ги завршиме со политички договор“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во Виена.

САД и Куба ги обновуваат односите

Овие педесет години покажаа дека изолацијата не успева. Време е за нов пристап. Не очекувам овие промени да донесат трансформација на кубанското општество преку ноќ.
Барак Обама, претседател на САД.

Во декември американскиот претседател Барак Обама објави дека Соединетите држави ќе почнат разговори за нормализирање на односите со Куба.

„Овие педесет години покажаа дека изолацијата не успева. Време е за нов пристап. Не очекувам овие промени да донесат трансформација на кубанското општество преку ноќ. Но, убеден сум дека преку ангажирана политика ќе можеме подобро да ги браниме нашите вредности и да им помогнеме на Кубанците“, изјави Обама.

Новата промена, до која дојде по едногодишни тајни преговори меѓу двете земји, вклучува отворање американска амбасада во Хавана и постепено укинување на повеќедецениското трговско ембарго.

Тоа беше прегледот на настаните што на некаков начин ја одбележаа 2014 и кои сигурно дека ќе имаат своја рефлексија, но и продолжување во 2015 година. Дали добрите вести и настани ќе бидат побројни од претходните, според искуството, нема да зависи само од желбите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG