Достапни линкови

Москва забранува протести по осудувањето опозициски лидер


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неговиот брат Олег.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неговиот брат Олег.

Властите во Москва предупредија дека нема да дозволат протести по соопштувањето на пресудата за опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговиот брат.

„Согласно законот, сите неодобрени демонстрации ќе бидат запрени од органите на редот“, изјави високиот безбедносен функционер од Москва, Алексеј Мајоров.

Навалани неколку часа претходно беше осуден за измама на 3,5 години условна затворска казна. Тој вели дека случајот е политички мотивиран и ги повика Русите „да излезат на улиците додека не биде соборен режимот кој мачи невини луѓе“.

Околу 18 илјади луѓе на Фејсбук најавија присуство на протестот во центарот на Москва вечерва. Безбедноста во градот е засилена во пресрет на собирот кој не е одобрен од градските власти. Братот на Алексеј Навални, Олег, беше осуден на 3,5 години затвор во истиот случај.

XS
SM
MD
LG