Достапни линкови

Притвор за шиитскиот политички лидер во Бахреин


Архивска фотографија: Протести на шиитите во Бахреин.

Архивска фотографија: Протести на шиитите во Бахреин.

На лидерот на главната шиитска опозициска партија во Бахреин, Шеик Али Салман, му е одреден притвор од една недела. Тој е под истрага под сомнение за злосторства, меѓу кои и промовирање на насилна промена на власта. Веста за неговото апсење вчера предизвика протести на неговите поддржувачи во шиитските села во близина на главниот град Манама. На власт во Бахреин се сунитите. Полицијата употреби солзавец за растерување на демонстрантите кои се собраа пред седиштето на шиитската политичката партија „Ал-Вефак исламско општество“. Тоа е најголемата политичка партија во Бахреин, и според број на членови и според изборните резултати. Сепак, нејзините 18 пратеници често се надгласувани од коалицијата на сунитски партии и независни пратеници во 40-члениот парламент.

XS
SM
MD
LG