Достапни линкови

logo-print

Државниот испит ден по Божиќ пред собраниската комисија за образование


Архивска фотографија: Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Архивска фотографија: Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Измените на законот за високо образование, со кои меѓу другото се предвидува воведување државен испит на факултетите, во второ читање, се ставени на дневен ред на седницата на Собраниската комисија за образование, наука и спорт закажана за 8 јануари. На истата седница треба да се разговара и за измените во законите за основно и за средно образование во второ читање. И покрај противењето на студентите и на голем дел од професорите и факултетите, пратениците од владејачкото мнозинство вчера ги изгласаа измените на законот за високо образование во прво читање.

XS
SM
MD
LG