Достапни линкови

Рекорден буџет за 2015-та, но и тој ќе биде малку


Илустрација.

Илустрација.

Опозицијата и дел од економистите се сомневаат дека македонската економија може да издржи буџет од 3 милијарди евра. А со оглед на планираните трошоци, ни тој нема да биде доволен.

Владата во 2015 година ќе го троши најголемиот буџет досега. Според проекциите, власта планира да потроши речиси 3 милијарди евра, што е за 4 проценти повеќе од изминатава година. Економскиот раст е проектиран на 4 проценти, а дефицитот е проектиран на 3,5 отсто или во апсолутна бројка нешто повеќе од 300 милиони евра. Во буџетот се предвидува пораст на пензиите за 5 отсто од септември, зголемување за 5 отсто на социјалната помош и зголемување на платите во јавната администрација за 4 проценти, кое стартуваше во октомври.

Земјоделието е пренападнато со субвенции, градежниот сектор е нападнат со државни нарачки кои се финансираат со јавен долг, а од друга страна индустриското производство во најголем дел се развива со странските директни инвестиции кои се директно и многу невообичаено субвенционирани од страна на владата.

Во делот на расходите за капитални инвестиции, за разлика од годинава, се предвидени помалку пари, близу 345 милиони евра, во што спаѓаат проекти за Коридорот 10, гасификација, инвестиции во патна и железничка инфраструктура, реконструкција и изградба на училишта, изградба на слободни економски зони.

Експертите и опозицијата се сомневаат дека македонската економија може да издржи буџет од 3 милијарди евра.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски смета дека праксата покажала оти дел од прогнозите не се остваруваат, а причини за тоа се непазарните поттикнувања на економијата.

Суштината е што приходите повеќе потфрлаат отколку расходите.

„Македонската економија функционира со голем број на мерки кои се непазарно поттикнување на економијата, прво во производство на материјални добра, тоа се три сектори, нели, земјоделието е пренападнато со субвенции, градежниот сектор е нападнат со државни нарачки кои се финансираат со јавен долг, а од друга страна индустриското производство во најголем дел се развива со странските директни инвестиции кои се директно и многу невообичаено субвенционирани од страна на владата, исто така веројатно дефицитно, бидејќи имаме огромен дефицит“, вели Поповски.

Поголемиот дефицит се крие во неисплатените долгови кон приватниот сектор, објаснуваат економистите. Потпретседателот на СДСМ, професор Ванчо Узунов, прашува до каде може да се растегнува разликата помеѓу проектираните и реализираните нивоа на дефицит. Тој вели дека ќе се повтори сценариото што се случува секоја година, а тоа е повторно ќе има голем буџетски дефицит, па на крај буџетот ќе биде многу поголем, бидејќи секоја година се повторува проблем во остварувањето на приходите и расходите.

„Суштината е што приходите повеќе потфрлаат отколку расходите“, вели Узунов.

Власта смета дека со новиот буџет ќе се даде добра поддршка на стопанството преку одржување на високо ниво на капитални инвестиции и поддршка на граѓаните, преку покачување на платите во јавната администрација, пензиите и социјалната помош.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG