Достапни линкови

Забележани можни делови од исчезнатиот авион


Во Јаванско море кај островот Борнео биле забележани неколку делови кои можеби биле дел од исчезнатиот авион на малезиската компанија Еразија, изјави претставник на индонезиската национална агенција за спасување. Тој прецизира дека биле забележани црвени и бели предмети како и нешто што личело на појас за спасување. Авионот со 162 патници и членови на екипажот исчезна во неделата над Јаванско море на лет од Сурабаја до Сингапур. Комуникацијата со авионот била прекината откако пилотот побарал да му биде дозволено да ја смени висината на летот поради лошото време.

XS
SM
MD
LG