Достапни линкови

Алексеј Навални нема да оди во затвор


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Московски суд денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за измама и му изрече условна казна од три ипол години, што значи дека тој нема да оди во затвор. Од друга страна судијката Јелена Коробченко го суди братот на Алексеј, Олег Навални на три ипол години затвор. Браќата Навални изјавија дека нивниот процес бил во рамките на кампањата со цел да не се дозволи формирање опозиција против претседателот Владимир Путин. Тие се осудени за грабеж на околу 520 илјади долари од две руски компании и за перење пари. Денот на соопштувањето на казните претходно беше закажан за 15 јануари, за кога беа најавени и протести на приврзаниците на Навални.

XS
SM
MD
LG