Достапни линкови

Босанската полиција изврши претрес во порталот Кликс


Полицискиот претрес во просториите на порталот за вести Кликс во Сараево, поради објавување аудио снимка на премиерката на Република Српска Жељка Цвијановиќ траел неколку часа, изјави уредникот на порталот Јасмин Хаџиахметовиќ. „Осомничени сме, ни ги земаа мобилните телефони и ни беа онеспособени 19 компјутери. Меѓународната заедница ни понуди помош“, изјави тој, додавајќи дека редакцијата нема да го открие изворот на снимката на коа се слуша како Цвијановиќ и уште една жена зборуваат за купување гласови заради формирање собраниско мнозинство во Република Српска. Здружението на новинарите на Босна и Херцеговина и ОБСЕ претресот го оценија како притисок врз медиумите.

XS
SM
MD
LG