Достапни линкови

И покрај протестите, државниот испит ја мина првата фаза во Собранието


Предлогот за изменување и дополнување на Законот за високото образование е прифатлив и може да се даде на второ читање, изгласаа денеска 71 пратеник во Собранието на Република Македонија, а 8 од присутните беа против. Собранието одлучи на натамошно читање да ги проследи измените во законот за високото образование. Пратениците од владејачкото мнозинство не ги послушаа барањата на Студентскиот и на Професорскиот пленум кои изнесоа аргументи против измените на законот, кој меѓу другото предвидува и воведување државен испит на факултетите.

XS
SM
MD
LG