Достапни линкови

ММФ ја суспендира помошта за Грција


ММФ денеска соопшти дека ја суспендира помошта за Грција, која е дел од големиот спасувачки пакет, додека не се формира нова влада на земјата. Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја предупреди Грција да остане на патот на економски реформи, велејќи дека новата влада во Атина мора да ги почитува претходните ветувања кои беа услов за договорот за финансиска помош од 110 милијарди евра со меѓународните институции. Грчкиот парламент денеска по трет пат не успеа да избере претседател на земјата, по што, според Уставот, парламентот треба да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори. Премиерот Андонис Самарас изјави дека изборите ќе се одржат на 25 јануари.

XS
SM
MD
LG