Достапни линкови

logo-print

Пад на вредноста на акциите на атинската и на европските берзи


Илустрација.

Илустрација.

Атинската берза, како и неколку други во земјите од еврозоната, забележаа пад на вредноста на акциите, веднаш откако стана јасно дека Парламентот на Грција не успеа, ниту во третиот круг од гласањето, да избере нов претседател на земјата. Само за околу два часа, откако актуелниот премиер Андонис Самарас најави предвремени парламентарни избори за еден месец, вредноста на акциите на берзата во Атина опаднаа за 11 отсто. Слични тенденции се забележани на берзите во Мадрид и во Рим, иако процентот на падот е понизок,а финансиски експерти навестија дека слични движења имало и на неколку други берзи во ЕУ. Стравот на акционерите и на инвеститорите ја предизвикува можноста на претстојните избори да победи партијата на крајната левица Сириза, а нејзиниот лидер Алексис Ципрас да состави влада. Сириза се противи на мерките за штедење во Грција.

XS
SM
MD
LG