Достапни линкови

logo-print

Сенатот на УКИМ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа


Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија отворено заседаваат за најавените реформи во високото образование.

Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија отворено заседаваат за најавените реформи во високото образование.

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа донесени на вонредната седница во петокот да се одложи постапката за измени во законот за високото образование со цел да се овозможи поширока јавна дебата. Одлуката на Сенатот да ги поддржи констатациите на Ректорската управа била едногласна и донесена на неговата денешна, 25-та редовна седница.

Ректорската управа на УКИМ пред три дена му предложи на Министерството за образование и наука да се заложи пред овластените предлагачи за повлекување од собраниска процедура на предложените законски решенија поврзани со високото образование.

„Универзитетот и понатаму останува отворен и подготвен за соработка со цел квалитативен придонес во реформите во високото образование, придржувајќи се на европските и светските стандарди“, соопшти Ректорската управа на УКИМ по седницата на 26 декември.

XS
SM
MD
LG