Достапни линкови

Евакуирани сите патници од запалениот брод, седуммина загинати


Капетанот на бродот што вчера се запали во Јадранското Море денеска го напушти бродот и ѝ предаде контролата на италијанската морнарица, откако сите патници и членови на екипажот беа евакуирани. Бројот на жртви од пожарот се искачи на седум. Пожарот на фериботот кој патувал од Грција кон Италија, избил вчера на палубата за автомобили и го наполнил бродот со густ чад. На бродот имало 422 патници и 56 членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG