Достапни линкови

Порошенко го потпиша законот за напуштање на неврзаноста на земјата


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша законот за напуштање на неврзаниот статус на земјата, велејќи дека Украинците ќе одлучат дали нивната држава треба да побара зачленување во НАТО, откако ќе ги исполни стандардите на западната воена алијанса. Порошенко предвидува дека тој момент ќе дојде за пет или шест години. Новиот закон го поништува законот од 2010 година според кој на Украина ѝ беше забрането зачленување во кој било воен сојуз. Украинскиот парламент го донесе новиот закон на 23 декември и покрај противењето од страна на Русија. Порошенко пред пратениците рече дека „руската агресија против Украина“ создаде потреба за „поефикасни гаранции за независноста, суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет“.

XS
SM
MD
LG