Достапни линкови

Бомбашки напад на погреб во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку осум луѓе загинале, а 20 се ранети во денешниот самоубиствен бомбашки напад, во мнозинско сунитскиот град Таџи во Ирак, северно од главниот град Багдад. Според други извори, во нападот има десетмина загинати. Жртвите присуствувале на погреб на човек чии два сина се борат на страна на провладината милиција „Совет за будење“. Засега никој не ја презеде одговорноста, но Исламската држава и досега напаѓаше сунити што соработуваат со ирачката влада, која е предводена од шиити. Милитантите на Исламската држава контролираат големи делови од Северен Ирак.

XS
SM
MD
LG