Достапни линкови

logo-print

Порошенко ќе се сретне со Путин, Меркел и со Оланд во Казахстан


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со лидерите на Германија и на Франција, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, на 15 јануари во главниот град на Казахстан, Астана. Тие треба да разговараат за мировните напори во источна Украина, соопшти на денешната прес-конференција во Киев, Порошенко. Тој и Путин одржаа неколку разговори со Меркел и Оланд, како дел од напорите за окончување на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG