Достапни линкови

logo-print

Русија подготвува договор за оружје со Авганистан


Замир Кабулов, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин.

Замир Кабулов, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин.

Русија подготвува договор со кој ќе се регулира снабдувањето на Авганистан со оружје. Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Замир Кабулов, денеска рече дека договорот нема да опфати конкретни зделки за оружје, туку ќе биде правна основа за потенцијални договори во иднина. Кабулов рече дека Авганистан „има доволно оружје засега“, но оти со тек на време ќе треба да се снабдува. Тој нагласи дека Русија дефинитивно нема да испрати војници во Авганистан и рече дека е подобро да се опремат и обучат авганистанските сили за „да можат да си ја бранат татковината“.

Советскиот Сојуз ги повлече своите војници од Авганистан во 1989 година по речиси еднодецениска војна. Најголемиот дел од силите на НАТО се повлекуваат од Авганистан на крајот на годинава по повеќе од 13 години таму, но остануваат околу 13,5 илјади војници.

XS
SM
MD
LG