Достапни линкови

logo-print

Отворено заседание на Пленумите на студентите и професорите


Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија отворено заседаваат за натамошното организирање на претстојните демонстрации на незадоволство и револт, како и за начинот на организиран отпор кон, како што велат, предложените штетни измени во образованието. Пратениците денеска расправаат за предложените измени на Законот за високо образование, иако професорите и студентите гласно ги отфрлаат, бидејќи според нив, постапката на пленарната седница на Собранието на Република Македонија е во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени и тоа е неприфатлив и недемократски чин.

XS
SM
MD
LG