Достапни линкови

Студенти и професори на седница пред македонскиот парламент


Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Македонија за денеска најавија отворено заседание на кое ќе разговараат за организирање на претстојни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените измени во образованието. Над 300 академици, професори, доценти, лектори и асистенти во отворено писмо до македонските пратеници ги повикаа да ги отфрлат новите предлог закони и измените и дополнувањата на постојните закони во областа на високото образование, чија содржина, како што објаснуваат во писмото, енергично ја отфрлија и суштински ја оспоруваат. Професорите преку писмото се обраќаат до пратениците да ја запрат понатамошната постапка, и да ги сослушаат пред да донесат одлука што може скапо го чини целокупното општество.

XS
SM
MD
LG