Достапни линкови

logo-print

Стотици патници и натаму во бродот што гори на Јадранот


Италијанските власти потврдија дека најмалку едно лице загинало, додека стотици други и натаму биле во бродот што гори на Јадранско море. Спасувачки бродови од Грција, Италија и Албанија, како и грчки воени хеликоптери се во трка со времето во обид да ги спасат околу 317 патници и членови на екипажот на бродот „Норман Атлантик“. Еден од патниците во телефонска порака напишал дека чевлите на патниците се топеле од топлината на бродот. Пожарот избувнал во паркингот за возила а потоа зафатил 25 танкери кои биле полни со маслиново масло. Италијанските власти соопштија дека околу 160 патници биле навреме евакуирани. Бродот пловел од Патрас за Анкона.

XS
SM
MD
LG