Достапни линкови

logo-print

За зачувување на ГТЦ каков што е


Не го даваме ГТЦ, е главната порака која организаторите на собирот „Го сакам ГТЦ“ и голем број граѓани им ја пренесоа на надлежните на синоќешниот собир пред Градскиот трговски центар во Скопје. Со говори на познати личности тие ја повикаа власта да се откаже од оваа идеја како што ја нарекоа имитација на барок. И од Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја повикаа власта уште еднаш да размисли за идејата и запрашаа кој е економскиот ќар ако се измени ликот на трговскиот. Организаторите на Го сакам ГТЦ и понатаму најавува активности како реакција на најавите за нова фасада.

XS
SM
MD
LG