Достапни линкови

Проблеми со снегот во Македонија


Премиерот Никола Груевски синоќа итно свика кризен штаб за справување со последиците од невремето кое ја зафати земјава. Кризниот штаб треба да ги организира сите надлежни институции и расположливи средства за деблокада на патиштата и оспособување на енергетските системи. Екипи на МЕПСО го санираат дефектот на енергетската мрежа кај Ресен поради кој речиси целиот регион е без струја. Според надлежните и локалните власти, патот кон местото на дефектот бил под снежен навев од над еден метар. Кај големиот тунел на автопатот Скопје - Катланово имаше голем застој на сообраќајот поради превртен шлепер што направи колона од стотина возила. Голем број возила биле заглавени неколку часа и кај месноста Пресека, каде биле испратени камиони да го расчистат патот. По расчистувањето на коловозната лента кон Кичево возилата биле упатувани во тој правец, а дел од патниците биле сместувани во капацитети во Кичево и околината.

XS
SM
MD
LG