Достапни линкови

РСЕ: Азербејџанските власти ги тероризираат нашите вработени


Адвокатите на новинарите од азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европаво Баку, ги обвинуваат властите за применување на невидени тактики за заплашување на членовите на бирото, откако пред два дена беше извршен упад во нивната канцеларија. РСЕ објави соопштение во кое ги критикува азербејџански власти за испраќање полиција во домовите на вработените за да ги повика новинарите за "разговор" во канцеларијата на обвинителот. Главниот и одговорен уредник на радиото Ненад Пејиќ изјави дека азербејџанските власти ги тероризираат вработените и нивните семејства.
Еден од адвокатите, кој побара да биде анонимен поради загриженост за неговата лична безбедност, изјави дека персоналот на бирото бил довлечкан до канцеларијата на јавниот обвинител со сила и со закани.
Тој изјави дека со тоа што се повикани во текот на викендот, на новинарите на РСЕ им е одземена можноста да имаат каква било правна одбрана и покрај фактот дека според азербејџанските закони, сведокот е обично повикан по телефон или со официјални покани за да се овозможи адвокатот да биде присутен. Најмалку четири вработени во бирото на РСЕ во Баку денеска биле повикани на "разговор" во канцеларијата на обвинителот, а други осум се очекува да бидат викнати утре.
Државните инспектори на 26 декември спроведоа рација на бирото на РСЕ во Баку, запленувајќи компјутери и лични досиеја, по што ја затворија канцеларијата на радиото. Тие изјавија дека нападот бил дел од тековната истрага на Бирото како странски финансиран субјект.

XS
SM
MD
LG