Достапни линкови

logo-print

Меркел ја повика Русија да стави крај на украинската криза


headquarters in Brussels, December 18, 2014

headquarters in Brussels, December 18, 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Русија да го искористи своето влијание врз сепаратистите во источниот дел на Украина за спроведување на договорот за прекин на огнот план со кој треба да се стави крај на конфликтот. Во соопштението објавено денеска германската лидерка изрази жалење што мировните преговори завршја без успех по состанокот на 26 декември.Контакт групата на преговарачите вклучува претставници од Украина, Русија, проруските сепаратисти и ОБСЕ .
Групата одржа иницијален состанок на 24 декември, но не успеа да се договори за сите мерки освен размена на затвореници меѓу Украина и сепаратисти кои се одржаа три дена подоцна. Меркел, која имаше телефонски разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко вчера, ја пофали успешната размена, но изјави дека повеќе треба да се направи за да се рестартират замрените разговори за примирје.
Според изјавата, Меркел апелирала до руската влада да го искористи своето влијание на сепаратистите во таа насока.

XS
SM
MD
LG