Достапни линкови

Американец уапсен во Израел доби продолжен притвор


Израелскиот суд нареди продолжување на притворот на човек од американската држава Илиноис кој е обвинет за подготвување на насилнички акции против муслиманите. Еверет Адам Ливикс е уапсен во ноември и обвинет за поседување на оружје. Обвинението му става на товар дека планирал дадигне во воздух муслимански објекти во Ерусалим. Врз основа на денешната одлука на судот, Ливикс ќе остане во притвор до крајот на судењето. Израелската полиција соопшти дека Ливикс, кој лажно се претставувал како американски маринец исто така ја одбил понудата на еден Палестинец да го убие американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Ерусалим во 2013 година. Ливикс ги демантираше обвинувањата. Инaку тој во САД има криминално досие за поседување марихуана и кражби.

XS
SM
MD
LG