Достапни линкови

Тројца убиени во судири меѓу курдски групи во Турција


Три лица биле убиени во судирите меѓу непријателските курдски групи во југоисточна Турција, соопшти агенцијата Анадолија. Две лица вчера биле убиени во судирите во градот Џизре, во близина на границата со Сирија, а третиот од здобиените повреди починал во болница, соопшти валијата на округот Шарнак. Во судирите учествувале младинци од организација која се поврзува со забранетата Курдска работничка партија и поддржувачи на курдската исламистичка партија. Во судирите меѓу непријателските курдски групи во октомври беа убиени над 40 лица. За време на протестите, приврзаници на ПКК се кренаа на бунт, барајќи од турската Влада да го заштити сирискиот град Кобане, каде курдските борци се бореа со џихадистите од Исламска држава.

XS
SM
MD
LG