Достапни линкови

Казни за „непослушните новинари” во Москва


Уредничка на руски магазин изјави дека се соочува со казна до 15 дена затвор по инцидент со московската сообраќајна полиција. Евгенија Албат, која ја уредува руската опозициска публикација, Нови времиња, вели дека била повикана на суд на 30 декември. Албатс изјави дека сообраќајната полиција на 27 декември го запрела нејзиниот автомобил и побарала од неа идентификација. Иако признава дека се спротиставила, таа додава дека воопшто не била обвинета за непочитување на полицијата. Телевизискиот канал НТВ кој е под државна контрола емитуваше снимки во кои тврди дека полицијата била принудена да ја брка Албатс бидејќи наводно одбивала да застане. Инцидентот се случуваво услови на растечки притисок на Кремљ врз новинарите, демонстрантите и политичките противници. Рускиот претседател Владимир Путин, кој се соочува со меѓународни критики и санкции за активностите на Русија во Украина, се обидува да ги задуши критичките гласови во земјата.

XS
SM
MD
LG