Достапни линкови

Стотици патници заробени на запален ферибот кај Крф


Стотици патници остануваат заробени на запален ферибот во близина на грчкиот остров Крф, бидејќи тешките временски услови ги попречат обидите за спасување. Властите во Грција и Италија му нареди на фериботот да ги евакуира патниците, откако избувна пожар во автомобил на палубата. Досега само 150 од 478 патници биле отстранети од фериботот кој пловел од грчкото пристаниште Патра до Анкона во Италија. Агнциите јавуваат дека и грчките и италијанските пртивпожарни служби се на пат. Силен ветер со брзина од 100 километри на час ги отежнува напорите за гаснење на пожарот и спасување на останатите патници. Грчката телевизија јави дека некои патници биле натопени со ладна вода и имале кашлица предизвикана од чадот од огнот.

XS
SM
MD
LG