Достапни линкови

Дваесет и четири мртви во временските непогоди во Шри Ланка


Дваесет и четири луѓе загинале, а осум исчезнале во попланвите и одроните кои на Шри Ланка ги предизвикаа обилните врнежи од дожд кои непрекинато паѓаат од минатата седмица, соопштија властите на Коломбо. Според информациите на Центарот за вонредни состојби, над 100 000 луѓе осанале без своите домови или се евакуирани на безбедни локации. Најголемите штети се забележани во југоисточната област Бадула, во која 14 луѓе загинале во одроните кои ги урнале нивние домови. Десетици работници на плантажите со чај загинаа во истата област во октомври, исто така од одроните. Во делови на Шри Ланка во тек е сезоната на монсуни, но силни дождови погодија и други области кадешто не се вообичаени.

XS
SM
MD
LG