Достапни линкови

Вајгл: Македонија да работи на европските критериуми


ЕУ со последната одлука за Македонија покажа дека не размислува стратегиски, изјави Иво Вајгл, известувачот за Македонија во ЕП, јавува МИА. Непочитувањето на препораките на Комисијата и Парламентот од Советот на ЕУ, го руши кредибилитетот на европскитe институции, вели Вајгл, анализирајќи ја последната одлука на Европскиот совет да го одложи доделувањето датум за почеток на преговорите со Република Македонија. Одлуката да не се отворат преговорите за зачленување на Република Македонија во ЕУ, наиде на критики во Европскиот парламент и разочарување што неговите препораки и тие на Комисијата повторно не беа сослушани, за словенечкиот европратеник е „слаба порака“. Вајгл со совет до Македонија дека мора и понатаму да работи за да се применат критериумите, вредностите и стадардите кои важат во Европската Унија и кои се неизбежни за државите кандидати. Првиот извештај на Иво Вајгл за Македонија ќе влези во парламентарна процедура на почетокот од 2015 година, по што препораките од европратениците ќе бидат повторно преточени во резолуција која што ќе треба да се гласа на пленарна сесија.

XS
SM
MD
LG