Достапни линкови

Затворен реактор на украинската нуклеарна централа


Украина го затвори реакторот во најмоќната нуклеарна централа по втор пат за еден месец што очигледно се должи на некаков дефект во генераторот, соопшти државната компанија за нуклеарна енергија Енергоатом. Работниците во централата Запорозје го исклучија еден од шесте реактори на објектот соопштувајчи дека имаат проблем со генераторот на единицата. Официјални лица од фабриката изјавија дека преостанатите пет реакториработат нормално и дека зрачењето од областа останува во рамките на прифатливите граници. Претходно месецов друг реактор беше исклучен на неколку дена поради краток спој. Нуклеарната централа Запоризјесо 6000 мегавати моќносте најголемата нуклеарна централа во Европа и петта од најмоќните во светот. Нејзините реактори беа изградени според различен дизајн од оние во фабриката Чернобил, каде што се случи најлошата нуклеарна несреќа во светот во 1986 година.

XS
SM
MD
LG