Достапни линкови

logo-print

Ограбен вип делот на аеродромот во јужен Киргистан


Мажи облечени во воени маскирни униформи и вооружени со автоматски пушки го ограбиле ВИП делот на аеродромот Ош во јужен Киргистан и притоа киднапирле бизнисмен. Претставувајќи се како припадници на единицата командоси при министерството за внатрешни работи вооружените лица го ограбиле аеродромот, додека патниците чекале за лет конкинескиот град Урумки. Портпаролот на регионалната полиција соопшти дека петмина вооружени маскирани мажи упаднале во ВИП просторот околу 10:00 часотпо локално време и извикувале дека секој треба да легне на подот зошто ова е специјална операција. Мажите потоа зеле четири пакети со пари во нив и еден маж, за кој се претпоставува дека е сопственикот на готовината. Разбојниците побегнале со бизнисменот и потрагата по нив продолжува.

XS
SM
MD
LG