Достапни линкови

logo-print

Крај на мисијата на НАТО во Авганистан


Меѓународната коалиција предводена од НАТО денеска треба да одржи церемонијаи официјално да стави крај на своите 13 години на борба во Авганистан. Малку детали беа објавени пред почетокот на церемонијата поради безбедносни причини. Официјален претставник на НАТО, изјави дека американскиот генерал Џон Кемпбел, командант на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ), ќе ја води церемонијата во седиштето на ИСАФ во Кабул. Повеќе од 13.000 војници ќе останат во Авганистан за да помогнат во обуката и да ги советуваат авганистанските владини сили кои ќе ги преземат борбата и безбедносните операции во земјата. Околу 140.000 војници од 51 земји учествуваа во операцијата во Авганистан.

XS
SM
MD
LG