Достапни линкови

Малезиската компанија Ер Азија соопшти дека еден од нејзините авиони со 162 патници исчезнал и дека пребарувањето започнало. Авионот изгубил контакт со контролата на воздушниот сообраќај во Џакарта во раните утрински часови, околу еден час откако полетал од Индонезија кон Сингапур. Во соопштението се вели дека авионот еЕрбас A320-200 и дека спасувачкиот лет за пронаоѓање е во тек. Инцидентот се случувана крајот од една ужасна година замалезиската авиокомпанија. Националниот авиопревозник Малезија ерлајнс загуби два авиони оваа година. Лет MH370 со 239 патници и членови на екипажот исчезнаа во март на патување од Куала Лумпур во Пекинг. Никаква трага од тој авион се уште не е најдена. Летна MH17 беше соборен над Украина во јули, при што загинаа сите 298 патници.

XS
SM
MD
LG